Редакцијата на македонски весник „Илинден” од Албанија ја честита Новата 2026 година и посакува добро здравје, радости и успеси во наредните 365 дена.
-Ви благодараме на довербата која ни ја дадовте како на одговорен, непристрасен и објективен медиум кој информира и анализира преку својата новинарска екипа за сите случувања во државата и пошироко, преку две платформи: печатено и електронско издание. Во 2026 година, ние ќе продолжиме според новинарските стандарди и етика да ве информираме навремено, објективно и од сите агли за најважните информаци на Македонците во Република Албанија. Среќна Нова 2026 година ви посакува редакцијата на Македонски весник „Илинден” – стои во честитката.


































