Фото: Фејсбук/Кристијан Мицкоски
Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп промовирана воената опрема донација од Турција

 

Во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на пратеници, други гости, денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп, беше промовирана артилериската батерија составена од шест хаубици 105 mm, „Боран“ и друга придружна опрема, донација од Армијата на сојузничка Турција.
Оваа набавка, како што информираат Министерството за одбрана е во рамки на процесот за модернизација и опремување нашата Армија.

Фото: Фејсбук/Кристијан Мицкоски
Фото: Фејсбук/Кристијан Мицкоски
Фото: Фејсбук/Кристијан Мицкоски
Фото: Фејсбук/Кристијан Мицкоски
Фото: Фејсбук/Кристијан Мицкоски
Фото: Фејсбук/Кристијан Мицкоски
Фото: Фејсбук/Кристијан Мицкоски
Фото: Фејсбук/Кристијан Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски, обраќајќи се пред присутните, генералите, војниците, посочи дека на како држава го зајакнуваме одбранбен капацитет, ја модернизираме својата армија и јасно покажуваме дека знаеме да вложуваме одговорно, стратешки и во интерес на безбедноста на своите граѓани.

-Преку Министерството за одбрана успешно реализиравме два значајни договори за набавка на нова современа воена опрема – опрема која е целосно усогласена со НАТО стандардите. Ова не е само набавка. Ова е визија за Македонија како стабилна, сигурна и подготвена членка на НАТО Алијансата. Ова е порака дека државата станува сила што застанува на свои нозе.Во рамки на првиот договор, се набавени и веќе испорачани шест хаубици – моќни артилериски системи кои ќе го засилат капацитетот на нашата Армија. Заедно со нив е предвидена и набавка на муниција со зголемен дострел, чија испорака и исплата се планирани во текот на 2026 година. Со вториот договор,  обезбедена е набавка на опрема за хаубиците – системи за комуникација и контрола на оган,  кои значително ќе ја зголемат огнената моќ и прецизноста на делувањето на нашите единици. Но оваа набавка не е изолиран случај. Таа е дел од една поширока слика. Ние градиме и придонесуваме на секое поле – во економијата, во енергетиката, во земјоделието, во здравството, во образованието – и, да, и во одбраната. Затоа што напредна држава не е онаа што се развива само во еден сектор, туку онаа што се издигнува во целина.А, силата на една држава се гледа токму во способноста да го заштити својот суверенитет, да го гарантира својот мир и да стои цврсто кога е предизвикана. Без безбедност, нема стабилен развој. Без силна одбрана, нема трајна стабилност – рече премиерот Мицкоски.

Фото: Ка.М.
Фото: Ка.М.
Фото: Ка.М.
Фото: Ка.М.
Фото: Ка.М.

За министерот за одбрана Владо Мисајловски, безбедноста е столбот на една нација.

-Буџетот на Министерството е најголем историски во овие 30 години и на историско ниво вложуваме во модернизацијата. Тоа е нешто што треба сите да го гледаме во иднина бидејќи издвојуваме над 30% за модернизација во Армијата, што е нешто што многу земји не можат да го постигнат. Со вакви проекти можеме да видиме дека ќе бидеме блиску до НАТО стандардите. Ние во Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата сме максимално посветени во градењето на македонските одбранбени капацитети, кои значат силна, подготвена и опремена Армија, секогаш подготвена да одговори на потребите на граѓаните и на безбедноста на државата. Оваа нова опрема која што е дел од вооружувањето на артилерискиот баталјон, артилериска батерија со 6 хаубици BORAN, влијае на сериозно зголемување на борбената готовност на Армијата и нејзината способност да ја гарантира безбедноста на Македонија и сигурноста на македонските граѓани – рече министерот Мисајловски, изразувајќи благодарност до Турција за донацијата, во која има и преку 3.900 комплети на борбена униформа, а договорени се и дополнителни снајпери од Турција и чизми за припадниците на Армијата.

За амбасадорот на Турција Фатих Улусој, соработката во одбраната е значаен сегмент од билетарните односи меѓу Македонија и Турција.

– Во послендиот период односите, кои имаат коренити односи, се развиваат се повеќе – рече амбасадорот Улусој.

За началникот на ГШ генерал мајор Сашо Лафчиски, со набавката на хаубиците „Боран“ започнува реализацијата на една од клучните компоненти во рамките на проектот „Опрема и муниција за идниректна огнена поддршка“.

-Проектот директно придонесува за исполнување на нашите обврски кон НАТО зададени во 2021 година и потврдени со новиот пакет на цели од 2025 година – рече началникот на ГШ генерал мајор Сашо Лафчиски, кој, оддаде признание на одбранбеното аташе на Турција, полковник Реџаи Јилмаз за севкупната поддршка која ја дава во развојот на армиските капацитети.

Ка.М.