Фото/Илустрација: Маја Јаневска-Илиева / Архива

За неполни две децении

Пописот спроведен во 2021 година покажа дека во однос на 2002 година вкупното население во државата е намалено за 185.834 лица или за 9,2 отсто, а бројот на домаќинствата е зголемен за 34.336 или за 6,1 отсто, соопшти директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

Ако се земе предвид дека во општина Неготино има 18.197 вкупно резидентно население, излегува дека за неполни 2 децении сме изгубиле население колку што би имало во 10 општини колку Неготино.

Инаку, Пописот покажа дека густината на населеност на еден километар квадратен во земјава е 72,2 лица, а просечната возраст на населението е 40,08 години. На 1.000 жени има 984,3 мажи.

Како што соопшти Симовски, презентирајќи ги резултатите, просечно домаќинство брои 3,06 члена. Бројот на станови, пак, изнесува 839.174.

Вкупниот број на жители во градот Скопје изнесува 526.502 лица и во споредба со пописот од 2002 година е зголемен за 3,9 проценти.