Фото: Фејсбук/ Христијан Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретнал со кинеската амбасадорка, Џијанг Сјаојан со која размениле мислења за продлабочувањето на пријателските односи меѓу Македонија и Народна Република Кина.

-Односите меѓу нашите две земји се темелат на взаемна почит, разбирање и соработка, а во изминатите години тие бележат континуиран развој во различни области, вклучувајќи ја економијата, културата, образованието и инфраструктурата – напиша премиерот Мицкоски на својот Фејсбук профил.

Фото: Фејсбук/ Христијан Мицкоски

Верува дека постои значителен потенцијал за натамошно унапредување на билатералната соработка, особено, како што вели,  преку конкретни проекти и иницијативи од заеднички интерес, кои ќе придонесат за економски развој и подобрување на благосостојбата на граѓаните во двете земји.