Фото: МПЦ

Управата на првата Македонска Православна Општина за Мелбурн и Викторија (МПОМВ), во чиј состав е и првата македонска црква во иселеништвото „Св.Георгиј“ и манастирот „Св. Климент Охридски“ во Кинглејк испрати писмено обраќање до македонската заедница во Австралија.

„Со жалост ја примивме веста за ненадејното во Господа упокојување на Митрополитот на Дебарско – Кичевската Епархија и Администратот на Австралиско – Сиднејската Епархија г. Тимотеј. Би сакале да изјавиме сочуство до Светиот Синод, свештенството и македонскиот православен народ по повод ненадејната смрт на Митрополитот г. Тимотеј.

Притоа, сакаме да искажеме голема благодарност за неговата архипастирска посветеност овде во Австралија, благодарност за неговиот приод кон верниците, свештенството и духовната надградба која цениме дека беше на највисоко ниво. Неговата жртва и закрила за нас е нешто што е многу значајно и ценето за нашата заедница и нема никогаш да го заборавиме. Загубивме многу важна личност, достоен Архиереј, пастир и духовен татко кој со неговата љубов и мудрост ќе остане запишан во македонската историја на македонската заедница, посебно во Австралија.

Покојниот М. Тимотеј меѓу нас беше присутен од 1981 – 1994 год. и од 2013 – 2024 год. Ова време ќе биде потсетник за Неговата неуморна Христова посветеност. Ние се надеваме дека и неговиот заменик ќе продолжи по стапките на својот успешен претходник Митрополитот Тимотеј. Би сакале да ве замолиме сите да кажете молитва кон Бога за нашиот дедо Тимотеј, како почит и наша должност кон него, бидејќи и он за нас се има погрижено низ сите овие години.

Нека почива во мир Неговото Високопреосвештенствоn Митрополитот Дебарско – Kичевски и Администратор Австралиско – Cиднејски г. Тимотеј.

Господ да му дарува царство небесно!“.

Писменото обраќање е потпишано од Дејан Змејкоски, председател на МПОМВ.