Во текот на денешниот ден ќе се одржи состанок на Комисијата за етички и правни прашања, ќе се разгледаат извештаите за починатото дете и за извршениот надзор над стручната работа на ЈЗУ Општа болница – Куманово во врска со лекувањето и третманот на починатата родилка и нејзиното новороденче, подготвени од комисија формирана од министерот за здравство – информираат попладнево од Лекарската комора.
Оттаму појаснија дека вчера доцна попладне бил добиен извештај од извршен надзор врз стручната работа на Универзитетската Клиника за детски болести и ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата – „Козле“ во Скопје, во врска со лекувањето на починатото дете, подготвен од страна на комисијата.
– За овој случај, Комората исто така доби допис и од ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ – Скопје, каде оваа здравствена установа дава свое гледиште и став во врска со наводите од извештајот на Министерството за здравство – велат од Лекарската комора.
За исходот од работата на Комисијата и донесените одлуки за понатамошно постапување, дополнително ќе се излезе со информации.