ФОТО: Зоран Ќосески, Перт, Австралија

Според австралиските медиуми, најстарата Македонка која живее во Австралија е Љубица Бакреска, родена на 7 октомври 1923 година, во село Велгошти, Охрид.

Таа денес во просториите на Македонскиот културен центар „Илинден“ и во присуство на својата фамилија го прослави својот 100 роденден.

По тој повод, доби поздравни телеграми од Кралот Чарлс, Премиерот на Австралија Антони Албанези, Генералниот Гувернер на Австралија, Давид Хурлеј, Премиерот на сојузната држава Западна Австралија, Роџер Кук, а од името на македонската амбасадорка во Австралија, Билјана Стефановска-Сековска, поздравната телеграма ја прочита почесниот македонски конзул, Зоран Ќосески.

Љубица има два сина и една ќерка, пет внуци, десет правнуци и шест праправнуци.

На прашањето во што е тајнат на долг живот, таа мирно одговори редовно пеење и добро шетање во природа.

 

http://