Собранието повторно пред почетокот на новата 63. седница замина на пауза од еден час на барање на Левица, на што реагираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски кој кажа дека намерно се одложува работата на пленумот поради тоа што опозициската партија не добива одговор на прашање од собраниската служба.
Мицевски посочи дека денеска исто така на друга седница е и Предлог на закон за издавање на вредносни ваучери, по скратена постапка, со што ќе им се овозможат ваучери на 55.000 студенти.
Мицевски нагласи дека на дневен ред на оваа седница се измените и дополнувањата на Законот за пензинско и инвладиско осигурување, со што ќе се овозможи линеарно покачување на пензиите, а со тоа на годишно ниво буџетот на двајца пензионери во семејството би бил поголем и за 3.000 евра.
Пратеникот Борислав Крмов од Левица, кој побара еден час одложување бидејќи собраниските служби не одговараат на барањето на нивната колешка Јована Мојскоска за патните трошоци, кажа дека Мицевски ја злоупотребил процедуралната забелешка за политички цели.
Во Собранието денеска е закажана една нова седница – 63. и продолженија на две други седници.