Духот на антифашистичката победа над силите на мракот засекогаш ќе ги разбранува срцата на нациите победници, кои го изградиле новиот свет, не оставајќи место за идеите за уназадување на човештвото, реагира Левица по вчерашниот протест против отворањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.
-Пламенот на победата на македонската и југословенската држава над силите на оската и балканските предавници и слуги, вечно ќе гори во срцата на македонскиот народ. Во Македонија и на Балканот нема повеќе простор за рехабилитација на фашистичките идеи за потчинување на единството и рамноправноста помеѓу народите на сметка на туѓи империјалистички интереси – се вели во реакцијата.