Во пресрет на годишнината од раѓањето на таткото на македонската нација Гоце Делчев, загрозена е безбедноста на државата, реагира Левица.
– Загрозена е безбедноста на државата со субверзија на народниот суверенитет, изразен во функциите на власта – преку закана за атентат на Врховниот командант на вооружените сили на Република Македонија од страна на бугарскиот политичар, европратеник, терорист и фашист Ангел Џамбазки. Доколку Ангел Џамбазки, после ваквите отворени закани, влезе на територијата на Република Македонија, Стево Пендаровски и Владата на Република Македонија веднаш да дадат оставка и да се закажат избори на сите нивоа поради нивната неспособност да го заштитат територијалниот интегритет и суверенитет на Републиката. Во спротивно, нивниот опстанок на власт дополнително ја подрива националната безбедност, со кој виталните државни институции се ставаат под контрола на бугарските тајни служби – стои во соопштението на Левица.