Фото: Пиксабеј / Илистрација

Нискобуџетната компанија „Трансавија“ од март следната година ќе започне со летови Амстердам – Скопје, објави денеска порталот „Екс ју авиејшн“.

На релацијата Скопје-Амстердам, „Трансавија“ ќе сообраќа двапати неделно почнувајќи од 2 март.

Тоа ќе биде прво поврзување на аеродромот „Схипхол“ и македонскиот главен град со редовен авиопревоз од септември 2008 година