Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје (две основни училишта и 14 средни училишта), по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Безбедносната состојба е стабилна и не постојат реални закани по безбедноста на граѓаните, констатираше Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница на состанокот што се одржа денеска по честите дојави за бомби во државава.
Поради честите дојави за бомби во изминатиот период, денеска состанок одржа Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, кој донесе одлука да се формира оперативен тим за сајбер безбедност и хибридни закани.
На состанокот, е оценето дека безбедносната состојба е стабилна и не постојат реални закани по безбедноста на граѓаните.
Изминатата недела, покрај во училишта, дојави за наводно поставени бомби беа испратени на електронски адреси на институции, спортски објекти, хотели, станбени комплекси, трговски центри и на Скопскиот аеродром. Сите дојави беа лажни