Фото: Универзитет Еуропа Прима

За време на одржувањето на Филозофскиот филмски фестивал, големото име на полската и светската кинематографија Кшиштоф Зануси, беше прогласен за почесен доктор (Doctor honoris causa) на Интернационалниот универзитет Еуропа Прима–Скопје. Претседателот на универзтетот Јордан Плевнеш, во својата пригодна беседа го истакна фактот дека кон плејадата на светски имиња во областа на филмската и театарската уметност, како што се Маноел Де Оливеира, Клод Лелуш, Роберт Вилсон, Јиржи Менцел и други, влегува и бесмттрното дело на Кшиштоф Зануси, којшто со својот исклучитлен филмски и театарски опус се издигнува на врвот на европската и светската култура.

На академската церемонија организирана во негова чест, пред голем број на професори, студенти и почитувачи на неговото дело, свечено обраќање имаше реципиентот Кшиштоф Зануси, којшто направи една духовна и уметничка хронологијана својата творечка дејност, низ историски, политички и естетски трансферзали кои оставија неизбришливи траги, не само во Европа и САД, туку и во светски рамки.

Фото: Универзитет Еуропа Прима

Признанието доктор хонорис кауса , што ИУ Еуропа Прима му го додели, е 14. по ред, бидејќи предходно тој ја има понесено истата титула на 13 други универзитети во Европа и светот.