Фото: Принт скрин од неговото обраќање на Фејсбук

Со покачувањето на платите се штитиме од големиот раст на цените, а буџетот го насочуваме онаму каде е најпотребно – директно во приходите на граѓаните.

Ова е пораката што премиерот Димитар Ковачевски ја упати од неговиот фејсбук профил преку  видео обраќање.

– Малку кој веруваше дека ќе имаме просечна плата од 30.000 денари. Ова ветување беше мета на критика и потсмев, но со доследни политики успеавме да го реализираме-истакна тој.