Премиерот Димитар Ковачевски денеска од Рим испрати честитка по повод признавање на автокефалноста на Македонската православна црква Охридската Архиепископија.
-Голем е денешниот ден, историски кога ги чествуваме светите браќа Кирил и Методиј да ја добиеме и автокефалноста на нашата држава, како рмноправна со другите и како признание за нејзиното наследство и духвната величина на древната Охридкска Архиепископија и како автентичен дел на македонскиот идентитет-изјави премиерот.
Тој на сите православни христијани во државата им го честиташе овој ден.
-Се радуваме заедно со сите православни христијани во нашата земја на историската вест со која Македонската православна црква Охридска Архиепископији се стекнува со автокефалност. Ова со векови очекуваната вест е соопштена денеска на заедничката служба со Српската Православна црква. На сите православни христијани им го честитам овој ден-додаде Ковачевски.