За Данела Арсовска општина Бутел како да не постои. Состојбата во oпштина Бутел е алармантна. Повеќе од десет 10 дена екипите на ЈП „Комунална хигиена-Скопје” кои се под директна команда на Данела Арсовска, не ги извршуваат работни обврски на поголемиот дел од територијата на општина Бутел, реагира градоначалникот Дарко Костовски.
-Сликите се застрашувачки. Ваква неспособност на градските служби не е забележана никогаш во историјата. Додека не е доцна службите на КХС-Скопје веднаш да излезат и да си ја завршат работата за која се платени од граѓаните. Доколку Данела не е способна да се справи со овие основни задачи на градот Скопје, веднаш нека ги префрли ингеренциите на општините, за да не трпат граѓаните – вели Костовски.