Фото: МИА / Архива

Управниот суд, утре, на 7 септември во 12 часот, на отворена седница ќе расправа за употреба на терминот „Македонија“ при регистација на правни субјекти.
Судот ќе расправа по тужба против решение на министерот за правда со кое забранува да се употребува името „Македонија“ при регистрација на правни субјекти. Со тужбата се бара ова решение да се поништи и назив на правен субјект да го содржи името „Македонија“.
По завршувањето на јавната седница Управниот суд треба да донесе пресуда.