Нашиот сојуз, Европски фронт, не е создаден само за изборите, туку ќе биде тоа долгорочно заедништво. Со нашите партнери во Европскиот сојуз, јас и ДУИ напорно ќе работиме за реализација на досега неостварените цели на ДУИ за вистинска демократија во државата, за вистинска рамноправност на сите етнички заедници, не само на Албанците, изјави Ахмети по потпишувањето на договорот со партијата на Турците.
-Предвид ги имаме не само Турците и Ромите, туку и Власите, Србите и сите други етнички заедници. Главната цел е Македонија да ја интергрираме во ЕУ, кога и уште повеќе ќе ја зајакнеме државата која уште од сега ќе работиме на тоа да биде мајка за сите. Така се гради иднината и вистинска демократска држава – рече Ахмети.
Освен што денеска беше официјализиран договорот на ДУИ со Движењето на Турците во Македонија за правда и демократија, Ахмети најави дека во 21 часот во Гостивар ќе биде потпишан и договор со Зијадин Села, лидер на Алијанса за Албанците.
Али Ахмети обелодени дека Зијадин Села ќе биде носител на изборната листа на Европскиот сојуз во Избоната единица број 5.
Тоа што ќе биде новина на овие избори е што ДУИ, односно Европскиот фронт ќе учествува и во Изборната единица број 3 каде очекува да се добие уште еден пратеник. Таму носител на изборната листа ќе биде лидерот на Движњето на Турците.
Официјален носител на листите на Еропскиот фронт ќе биде ДУИ, а во продолжение ќе бидат наведени и другите партии од овој фронт, рече Ахмети.