Фото: Нова Македонија

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ја одржа 55. Седница, на која се дискутираше по единствената точка од дневниот ред односно по Предлог- законот за јавното обвинителство во прво читање.

Овојпат Комисијата расправата ја фокусираше на прашањето за утврдување на потребата од донесувње на законското решение, пред негово разгледување на второ читање. Со мнозинство гласови Комисијата констатира дека законското решение прифатливо и треба да се даде на понатамошно читање.

На гласањето претходеше презентација на самото законско-решение, што во име на предлагачот го стори заменик-министерот за правда Ален Деребан, кој истакна дека се работи за дел од реформската агенда и процеси во правосудството.

Деребан појасни дека законот е резултат на еден инклузивен процес во чија подготовка беа влучени претставници на академската заедница, судството, обвинителството, извршната власт, граѓански организации и меѓународните партнери. Процесот, како шпто рече, бил активно следен од ЕУ од релевантите меѓународни организации, а текстот од предлог-законот бил испратен до Венецијанската комисија, заедно со законот за Советот на ЈО. Законот бил вратен со позитивно мислење со некои препораки што беа целосно импементирани во нацрт-зкаонот освен оние се однесуваа на потребата од уставни измени, пренесува МИА.

– Со предложеното законско решение се зголемува независноста и самостојноста на ЈО, се воспоставуваат појасни правила и критериуми за спроведување на дисциплинската постапка на јавните обвинители, се унапредува мерит-системот за унапредување и разрешување на јавно обвинители, се воведуваат повиски стандарди за интегритет и етика, се зголемува транспарентноста и дигитализацијата во постапките на јавноте обвинители, се јакнат институционалните капацитети на ЈО за справување со слежни предмети, се воспоставува финансиска самостојност на обвинителството што е чекор и обврска преземена од реформската агенда… Со еден збор се надминуваат и сите аномајлии од практичната примена на досегашното законско решение – рече Деребан.

Тој нагласи дека со предлог-законот особено важно е што воспоставува јасна рамка за отченост на јавните обвинители без притоа да се засегне во нивната независност и самостојност како уставни начела.

– Тоа е суштната  едно модерно обвинителство. Доколу има предлози ќе може амандмански да се интервенирара во второто читање. За се останато Министерството стои на располагање – рече Деребан.

Збор пред Комисијата побара пратеничката Иванка Василеска која ја поздрави иницијативата за донесување ново законско решение како дел од реформската агенда во правосудството, со забелешка до законодавецот да обрати внимание на можноста од политизација на целиот реформски процес. Како мошне важно прашање таа ја посечи препораката на Венецијанската комисија јавниот обвинител да се избира со повисоко квалификувано мнозинство во насока да се обезбеди меѓупартиски консензус.

– Сметам дека колегите ќе дадат придонес во подобрување на текстот на места каде треба и законодавецот да интервенира, а ние да покажеме и политичка зрелост за преземените обврски што треба да ги испорачаме пред да пристапиме пред следните евроинтегративни процеси – рече Василеска.

Пратеникот Малиша Станковиќ пред Комисијата посочи дека предложениот закон е еден од најзначаните имајќи предвид дека во јавноста и целото општество постојано се зборува за нефункционален систем во ЈО. Тој истакна дека законското решение е обид да се надмине таа нефункционалност на обвинителството како институција со најниска доверба кај граѓаните, со забелешка за потребата од поголема одговорност на самите обвнители.

– Сметам дека паралелно на подобрување на независноста на ЈО, мора да воспоставиме и систем на одговорност на јавните обвинители и особено оценката на нивното работење. Години наназад одиме на подобрување на независноста, а го занемаруваме вториот елемент, а што го барат и самите граѓани – одговорност кај јавните обвинители за непостапување…Мора да воспоставиме систем на одговорност, покрај правата да се третираат и обврските- рече Станковиќ.

На расправата на Комисијата не присуствуваа пратеници на опозицијата. Претседавачот со Комисијата најави дека владејачката коалиција ќе покрене иницијатива за поднесување официјално барање за организирање јавна расправа по законското решение, на која би било овозможено учество на невладниот сектор и граѓаните, како би можеле да дадат свое мислење со цел донесување подобро законско решение.