Министерството за здравство ја информира јавноста дека членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок дискутирале за повеќе предлог мерки, за кои дополнително ќе се донесат одлуки и заклучоци.
На Комисијата се разгледувал предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на коронавирус кои се асимптоматски случаи. За овој предлог членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови.
-На денешниот состанок Комисијата за заразни болести ја разгледуваше и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година. Одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата. Одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година ќе биде усогласена и со Министерството за образование и наука – велат од Министерство за здравство.