Со вечерна Богослужба што започна во 18 часот а беше отслужена од страна на членови на монашкото братство, започна одбележувањето на патрониот празник на манастирот „Свети Ѓорѓија Победоносец“ во село Кнежино.
-Традиционално на 9 декември се одбележува празникот на Кнежинскиот манастир„ Свети Ѓорѓија- Победоносец“. Одбележувањето продолжи утринава со одржување на Света Божествена литургија со почеток во осум часот. По овој чин причест примија верниците кои ги слават претстојните празници. Синоќа и денес претпладне за верниците присутни во манастирските конаци, кумот на манастирот Борче Матески организира манастирска манастирски ручек и вечера-рече сестра Софија.На ова одбележување присуствуваа голем број верници како од Кичево така и од соседните градови. З.А.