Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска, во однос на цените и Законот за нефер трговски практики, најави дека наскоро ќе има конкретен план како ќе се постапува, а примарна цел е, напомена, да се заштитат и земјоделците и граѓаните.
Трипуновски на прес-конференција информира дека е во постојана комуникација со Министерството за економија.
– Ние сме во постојана комуникација сонадлежното Министерство за економија. Ќе направиме план како ќе делуваме за да ги заштитиме и земјоделците и граѓаните. Работиме на тоа како во наредниот период правилно да постапиме со цел земјоделците да не бидат оштетени зашто во минатото, оштетена страна единствено беа тие, а сите други имаа сериозен профит што беше на штета на граѓаните на Македонија. Затоа, во наредниот период, заедно со Министерството ќе излеземе со конкретен план како ќе постапиме за да ги заштитиме и земјоделците и граѓаните – истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања