„Општина Тетово го започна процесот за именување и промена на имињата на улиците, а формирана е и комисија, која ќе работи на овој проект. Сепак, прашањето почна да се политизира преку општинските советници, па дури и партиските лидери. Градоначалникот на Тетово Билал Касами бара оваа иницијатива да не се политизира и да не се попречува, бидејќи нагласува дека сите партии имаат претставници во комисијата за именување и преименување улици.“, објави вечерва ТВ 21.
Инаку, Касами на фејсбук-профилот ја објави својата изјава, без конкретни аргументи зошто мораат да се (пре)иенуваат дури 300 улици: „Еден од најважните процеси за општина Тетово беше и именувањето многу улици, кои сме ги нашле без имиња, со броеви, како и улици, кои ние како локални институции, но и централни институции, но и приватни компании, имаат проблеми и им упатуваат на граѓаните разни фактури. Ние уште од доаѓањето на чело на општина Тетово започнавме со идентификување, регистрирање и сега сме во фаза на официјализирање на именувањето на улиците со одлуката на Советот на општината, кој формирал комисија во состав на членови од овој совет и членови-професионалци од администрацијата, од општината и други граѓани. Процесот продолжува на коректен начин од сите страни, кој е важен за општина Тетово, заради осовременување на градот и општината со изградба на нови улиции со реализирање нови проекти. Верувам дека со завршувањето на тој процес сите страни ќе бидат победници, зашто секој граѓанин ќе има адреса точна со име и број, на која живее.“
РНМ