Преку „Безбеден град“ вчера биле регистрирани 651 прекршок, од кои 585 биле за пребрзо возење. Изречени се вкупно 58 забрани за управување на моторно возило.
-Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци. Од нив, за минување на црвено светло констатирани се вкупно 50 прекршоци, за возење со брзина поголема од дозволената констатирани се вкупно 585 прекршоци, а за нерегистрирани возила 16 прекршоци, Притоа, изречени се вкупно 58 забрани за управување на моторно возило – информираат од МВР.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички придонес за безбеден сообраќај на територијата на целата држава.
































