Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска присуствуваше на пуштањето во сообраќај за сите видови возила на обновениот мост кај Башино Село, проект што беше ветен пред само шест месеци.
-Ја вративме безбедноста на мостот кај Башино село во Велес. Денеска го пуштивме за сообраќај за сите возила, тоа што го ветивме пред само шест месеци. Успеваме со добра координација меѓу централната и локалната власт во рекордно време да го санираме и целосно да го зацврстиме со што од денеска мостот е безбеден за сообраќај. Доаѓаат многу значајни проекти за Велес – објави на неговиот официјален фејсбук профил вицепремиерот Николоски.
Николоски заедно со премиерот Христијан Мицкоски, директорот на ЈПДП Коце Трајановски и градоначалникот на Велес Марко Колев, денеска присуствуваше на отварањето на реконструираниот мост.