Министерот за здравство во заминување, Венко Филипче, информираше за успешно извршена операција врз млада пациентка со протрузија на дискус во лумбалниот ‘рбет. Ваквата состојба на пациентката и предизвикувала проблем со одењето.
Филипче преку Фејсбук изрази благодарност до колегите кои му асистирале при операцијата, посакувајќи и на пациентката побрзо закрепнување.