Поради реконструкција на пругата на делницата Скопје-Зелениково, од 2 јануари 2026 година до крајот на февруари 2026 година ќе има измени во сообраќајот на два воза, информираат од Железници на Република Македонија-Транспорт АД-Скопје.
-Возот број 642 кој ќе сообраќа на релација Битола-Велес време на тргнување предвидено со возниот ред (време на тргнување од станица Битола во 12.46 часот.) Возот број 643 ќе сообраќа на релација Велес-Битола со време на тргнување од станица Велес во 15.25 часот – се наведува во соопштението.

































