Фото: Маја Јаневска Илиева

По повод 80-годишнината од победата над фашизмот, Амбасадата на Руската федерација во Македониjа вечерва во Музејот на Град Скопје организираше историско-документарна изложба насловена „Патот кон Големата Победа“, на која се претставени историски записи и архивски фотографии од руската новинска агенција „РИА Новости“, како и мноштво други историски материјали обезбедени во соработка со Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка борба од Прилеп и македонскиот Државен архив.

Изложбата, која е составена од повеќе од 130 фотографии, претставува детална визуелна хроника на настаните од Големата Татковинска војна од 1941–1945 година и ќе биде отворена до 13 мај.

На свеченото отворање, за важноста на големата победа над фашизмот и за изложбата, зборуваше рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Баздникин.

– Со оваа изложба ние оддаваме почит и длабоко почитување на беспримерна храброст, самопожртвуваност и духовна сила на советските војници и целиот советски народ, кои не само што ја одбранија својата татковина од фашистичката инвазија, туку дадоа и одлучувачки придонес во ослободувањето на многу европски земји – рече амбасадорот Баздникин.

Изложените материја се преведени на македонски јазик, а за постановката се користени материјали и од „Енциклопедијата на Македонија“, издадена во 2009 година, во редакција на Македонската академија на науките и уметностите.

– Изложбата е посветена на најважниот датум – не само за рускиот народ, туку и за целиот свет – 80-годишнината од големата победа над фашизмот. За значењето на овој – свет за нас – празник подетално напишав во колумна објавена пред три дена во весникот „Нова Македонија“. Сакам да изразам благодарност до Музејот на град Скопје
и лично до директорот д-р Панче Велков за заедничката организација на овој значаен настан. Високо го цениме таквиот однос, кој придонесува за зачувување на историската меморија и вековните хуманитарни и културни врски меѓу нашите земји и братски народи – рече Баздникин.

Рускиот амбасадор посебно се осврна на учеството на македонскиот народ во антифашистичката борна и додаде дека „се поклонуваме пред храброста на македонскиот народ, на партизаните – хероите на Народноослободителната борба во Македониј за време на Втората светска војна, кои бестрашно се спротивставиjа на ужасната закана од фашизмот, и затоа се одлучивме да вклучиме фотографии што го илустрираат нивниот борбен пат – рамо до рамо со руските војници“.

Денот на победата над фашизмот ќе биде одбележан и на 8 мај, на улицата „9 Мај“ во Скопје во 12 часот, каде ќе биде организирано полагање цвеќе.

Обраќањето на амбасадорот Баздникин на отворањето на изложбата го пренесуваме во целост:

– Срдечно ве поздравувам на отворањето на историско документарната изложба „Патот кон Големата Победа“, подготвена од Амбасадата на Руската Федерација со употреба на архивски фотографии од руската новинска агенција „РИА Новости“. Се разбира, сите текстови и натписи се преведени на македонски јазик. Би сакал да го свртам вашето внимание на тоа дека при подготовката ние соработувавме со македонски организации – Општинска организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка борба во Прилеп и Државен архив, кои на наше барање испратија материјали што се вклучени во изложбата што ви ја претставуваме. Ги благодариме за соработка.

Исто така, ние користевме и достапни извори, пред сѐ „Енциклопедијата
на Македонија“, издадена во 2009 година под редакција на Македонската академија на науките и уметностите.

Изложбата е посветена на најважниот датум – не само за рускиот народ, туку и за целиот свет – 80-годишнината од Големата Победа над фашизмот. За значењето на овој – свет за нас – празник подетално напишав во колумна објавена пред три дена во весникот „Нова Македонија“ – нема да го повторувам тоа што веќе кажав.

– Пред сѐ би сакал да изразам благодарност до Музејот на град Скопје и лично до директорот д-р Велков за заедничката организација на овој значаен настан. Високо го цениме таквиот однос, кој придонесува за зачувување на историската меморија и вековните хуманитарни и културни врски меѓу нашите земји и братски народи.
Изложбата, составена од повеќе од 130 фотографии, претставува детална визуелна хроника на настаните од Големата Татковинска војна од 1941–1945 година. Таа ќе биде отворена за сите заинтересирани до 13 мај. Од првите денови на нападот на нацистичка Германија врз Советскиот Сојуз до долгоочекуваната Победа – секоја фотографија ја отсликува болката, храброста, надежта и хероизмот на советскиот народ. Во текот на војната дописниците, наоѓајќи се во сржта на страшните настани и често ризикувајќи ги своите животи, собираа информации за текот на борбите, забележуваа не само моменти од жестоките битки, туку и секојдневниот живот на цивилите – на оние што работеа во фабриките, ги преживуваа ужасите на окупацијата и страдаа од бомбардирање на градовите. Тие се трудеа да ја зачуваат за идните генерации историјата и сеќавањето на овој пат низ години на тешкотии и препреки, коj заврши со Големата Победа во мај 1945 година. Со оваа изложба ние оддаваме почит и длабоко почитување на беспримерна храброст, самопожртвуваност и духовна сила на советските војници и целиот советски народ, кои не само што ја одбранија својата Татковина од фашистичката инвазија, туку и дадоа одлучувачкиот придонес во ослободувањето на многу европски земји. Страшно е да се замисли и невозможно е да се одреди цената што ја платија за Победата. Во Втората светска војна учествуваа 57 земји, нивните вкупни загуби изнесуваа околу 50 милиони луѓе. Од нив речиси 27 милиони беа граѓани на Советскиот Сојуз. Материјалната штета беше огромна: беа уништени над 1,7 илјади градови и населени места, повеќе од 70 илјади села.
Исто така, се поклонуваме пред храброста на македонскиот народ, на партизаните – хероите на Народноослободителната борба во Македонија за време на Втората светска војна, кои бестрашно се спротивставиjа на ужасната закана од фашизмот – таканаречената „кафеава чума“ што ѝ се закануваше на целата Европа. Затоа се одлучивме да вклучиме фотографии што го илустрираат нивниот борбен пат.
Рамо до рамо со нив се бореа руските војници кои, споделувајќи го стремежот кон слобода и правда, ги жртвуваа своите животи за независноста и мирната иднина на македонската земја. Оваа заедничка борба стана живо олицетворение на солидарноста и братството што ги обединуваа народите во најтемните времиња од светската историја. Значење на спроведувањето на проекти како денешниот е тешко да се прецени. За жал, во наше време сме сведоци на обиди за извртување, замолчување или тенденциозно толкување на историската вистина за Победата над фашизмот. Повеќе од тоа, се прават напори да се обвини Советскиот Сојуз за започнувањето на Втората светска војна, а активностите на нацистичките помагачи – особено во некои земји, првенствено во Украина и балтичките држави – се обидуваат да се претстават во херојско светло, како борба за национална независност. Пред сите нас е света задача – да го зачуваме историското сеќавање на трагичните настани од Втората светска војна и на нејзините лекции, за да не се повторат вакви настани никогаш повеќе. Ние мораме да се сетиме на оние кои по цена на своите животи го заштитија светот од фашистичката тиранија, на оние на кои ние што живееме денес им ги должиме животот и слободата – истакна во својот говор рускиот амбасадор.