Фото Л.С

Попладнево во Ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков” во Прилеп беше отворена изложба на икони.
Пред домаќините на празникот, компаниите Матадор и Бимфоод, пред советниците,
љубителите на уметноста, со икони се претставија еминентните македонски уметници
Славица Михаилова, Дејан Макаријоски, Николче Српчански, Васко Ѓоргиев и Ателјето за теракотни икони Серафим.

Отворањето на изложбата беше збогатено со настапот на црковниот хор св.Петка.

Со изложбата општина Прилеп ги започна активностите за одбележување на патрониот празник св.Никола Утре претпладне ќе се одржи литургија во црквата св.Благовештение, потоа ќе се чествува пред параклисот св.Никола во центарот на Прилеп, по што ќе се делат оброци со сармички, грав, риби. Ќе има и топла ракија и греано вино. За убавото расположение ќе се погрижи групата Тајфата.
Прилеп празникот го одбележува од 2006 година.  Ка.М.