На повторените локални избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше до 11 часот гласале 3 553 избирачи, односно 3,32 проценти од вкупно 128 286 запишани гласачи на 215 избирачки места – информира Државната изборна комисија (ДИК).
Според податоците, највисока излезност има во Маврово и Ростуше, каде своето право на глас го искористиле 624 гласачи, односно 5,90 проценти од вкупниот број запишани избирачи.
Во Гостивар гласале вкупно 1.937 гласачи, односно 3,14 проценти; Во Врапчиште – 834 гласачи или 3,02 проценти; Во Центар Жупа – 168 гласачи или 2,22 проценти од вкупниот број запишани гласачи.
Во споредба со изборите од 19 октомври минатата година до истиот час, од ДИК информираат дека е зголемена излезноста само во Врапчиште, и тоа за 0,48 проценти, додека во другите општини, како што велат, излезноста е намалена.
– Во споредба со изборите од 19 октомври 2025 година до истиот час, излезеноста е зголемена во Врапчиште за 0,48 процентни поени, додека во другите општини е намалена: Гостивар за 1,96, Центар Жупа за 2,61 и Маврово и Ростуше за 5,82 процентни поени – стои во соопштението.
































