Излезеноста на локалните избори на ниво на целата држава до 18.30 часот е 46,65 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Како што информира претседателот на ДИК Александар Кондарк, излегле да гласаат до 18.30 часот 803 091 граѓанин. Обработени се 3 287, односно 94,62 проценти од избирачки места. На овие 3 287 избирачки места запишани се вкупно 1 721 645 граѓани.
За споредба, на претходните локални избори 2021 вкупниот одѕив заклучно со 19 часот изнесувал 49,98 проценти.