Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Гора“ за првпат изработена во Република Албанија и посветена на областа Гора, авторско дело на Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“-Тирана и уредник на Македонски весник „Илинден”.
Разгледницата содржи осум фотографии од селата во овој крај и е значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство.
Ова издание е отпечатено со финансиска поддршка на семејство Ѓурѓај.
Инаку, разгледницата ќе биде дистрибуирана низ цела Република Албанија, претставувајќи значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство на Македонците во Република Албанија.