Фото: Илинден Тирана

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“ за првпат изработена во Република Албанија и посветена на областа Голо Брдо.

Истата содржи 15 фотографии од селата во тој крај што е значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство.

Разгледницата е авторско дело на Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“-Тирана и уредник на Македонски весник „Илинден”.

Издавањето на разгледницата е отпечатено со финансиска поддршка на семејство Ѓурѓај.

Разгледницата ќе биде дистрибуирана низ цела Република Албанија, претставувајќи значаен придонес во зачувувањето и промоцијата на македонското културно наследство на Mакедонците во Република Албанија.