Голем пожар избувнал денеска во Струмичко меѓу селата Водоча и Вељуса, кој поради силниот ветер и топлото време зафатил површина од околу 80 хектари и ширејќи се во сите правци зафатил и неколку викендици. Пожарникарите успеале да спасат производствени погони од опожарување.
Според информацијата од ТППЕ Струмица, големиот пожар избувнал во 10:10 часот.
-Веднаш беше мобилизирана целата противпожарна единица со девет противпожарни возила и 32 пожарникари и испратени на местото. Гасењето на пожарот беше поделено на сектори со цел побрзо и поефикасно да се ликвидира. За жал, некои викендици беа зафатени од пламените јазици, но многу други вклучувајќи и производствени погони беа спасени со крајни напори – информираа струмичките пожарникари.
Пожарот бил целосно ликвидиран околу 18:30 часот.