Премиерот Христијан Мицкоски денеска посочи дека инвестициите во образованието се меѓу главните приоритети на Владата. Во моментов, како што кажа, се градат седум училилишта, а во тек е и реконструкција на неколку образовни установи.
– Инвестициите во образованието за нас претставуваат значајна ставка. Пред неколку дена имав состанок со министерката за образование. Ќе направиме ревалуација на проектите поврзани со зградите на факултетите ФИНКИ и ФФК. Очекувам оваа година да биде распишан тој тендер, како и оној за кампусот „Мајка Тереза“ – рече премиерот.
Мицкоски уште истакна дека пратеникот Александар Велјаноски од Тетово го информирал за подготвеност на општествено одговорна компанија да ја финансира реконструкцијата на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.
– Набргу таа донација ќе биде ставена на дневен ред на Советот на Општина тетово, и на тој начин ќе биде исправена уште една неправда – рече Мицкоски.