Повторно се злоупотребува името на АД „Пошта“ со пораки кои ги добиваат деновиве граѓаните со невистинита содржина, информираат од компанијата во објава на веб-страницата, a пренесе МИА.
Со пораките граѓаните се известуваат за пристигнати пратки и се повикуваат да ја потврдат својата адреса на понуден линк. АД „Пошта“ потенцира дека не стои зад известувањата.
Името на националната Пошта претходно беше злоупотребено во измамнички кампањи во јануари и февруари годинава.