Фото: Приватна архива

Специјално за „Нова Македонија“ д-р Игор Јанев

Поради генерално слабата едуцираност на православниот клир и отсуството на проценка, Руската православна црква (РПЦ) на овој потег од Вселенската патријаршија реагираше како да се работи за некаков битен интерес за Русија или Руската црква. Слично наивно однесување искажа и Српската православна црква (СПЦ), која без минимум аналитичност за овој чекор ја нападна Вселенската патријаршија, сметајки дека сега се “влошени преговарачки позиции на СПЦ”!? Со други зборови, догматската и некритична свест на православните недоволно образувани владики, донесе само уште една конфликтна ситуација, која сега за МПЦ-ОА (а од сега само “ОА”) претставува една “Пирова победа”

Проблемот со црквата и името на црквата не влијае на државното име или обратно, од државното име не произлегува името на една црква.

Световната власт и Црковната власт се одвоени и за именувањето на една црква не важат правилата на меѓународното право, туку само догматските правила на црквениот поредок односно „канони”.

Во црковниот канонски поредок не постои нормата за правната еднаквост и самоопределувањето, туку стриктен авторитарен хиерархиски поредок. Овој поредок отстапува од современите норми на меѓународното право или кое било право базирано на демократските вредности и норми.

Самиот чин на вклучување во поредок на централната црква на православниот свет, не претставува „признавање” на некаква „независност” (или суверенитет), туку едноставна изјава дека „Охридската Архиепископија (ОА) не е повеке во колизија со правниот поредок на православните цркви односно дека „расколот” (или „шизма”) веке не постои!“

Но, автокефалниот статус Охридската Архиепископија треба да го бара од главниот негатор на самостојност на Македонската православна црква, а тоа е Српската православна црква, која впрочем смета дека со самата егзистенција на МПЦ или на ОА и се загрозени некакви нејзини права. (Со други зборови СПЦ нема да даде автокефален статус (автокефалност) никогаш!).

Меѓутоа, оваа мерка на Цариградскиот патријарх, претствува силна порака до Руската православна црква, бидејки следната на ред може да биде Црногоската православна црква (се уште непризната). Ова е исто така и порака до СПЦ!

Таканаречено „признавање” на ОА настана како резултат на една караница меѓу двата централни патријарха, Цариградскиот и Московскиот, и заврши со терање инает и давање потврда дека ОА не е веќе надвор од Православниот „свет” на црквите. Но, под влианието на Грчката црква, начинот на „признавањето” беше направен на линија на постулатите од Преспанскиот договор, така што постои ограничување за користење на термините „Македонија” и дериватите на овој поим (пр. „македонско”, „македонска”, итн…).

Од друга страна, поради генерално слабата едуцираност на православниот клир и отсуството на проценка, Руската православна црква (РПЦ) на овој потег од Вселенската патријаршија реагираше како да се работи за некаков битен интерес за Русија или Руската црква. Слично наивно однесување искажа и Српската православна црква (СПЦ), која без минимум аналитичност за овој чекор ја нападна Вселенската патријаршија, сметајки дека сега се „влошени преговарачки позиции на СПЦ”!?

Со други зборови, догматската и некритична свест на недоволно образуваните православни владики, донесе само уште една конфликтна ситуација, која сега за МПЦ-ОА (а од сега само „ОА”) претставува една „Пирова победа”.

Секако, голема отстапка е направена од Цариградскиот патријарх и ОА од тој момент е вклучена во сестринскиот однос со другите цркви од „православниот свет”, но конечниот акт на т.н. „признавањето” (независноста или автокефалност) зависи од црквениот клер во Србија, који суштински не ја признава ниту Македонската црква, ниту македонската нација.

Од цела оваа ситуација, еден ден во далечна иднина може евентуално да „профитира” само Бугарската црква (БПЦ), ако добие од Вселенската патријаршија, таа да може да „признае” и даде автокефалност на ОА, наместо СПЦ.

За авторот

Игор Јанев е роден 1964 година во Белград, Србија. Докторирал на Правниот факултет во Скопје во 1994 година, а пост-докторски студии завршил во САД (Вашингтон (School of Foreign Service), Шарлотсвил (Department of Politics – Government & Foreign Affairs) и Медфорд – Харвард(The Fletcher School of Law and Diplomacy)) во дисциплините на меѓународната политика и меѓународното право.
Член е на неколку престижни меѓународни здруженија за мегународно право и меѓународни односи, мегу кои се ASIL и ACUNS.
Игор Јанев е и член на Њујоршката академија на науките (NYAS). Од 2000 година Игор Јанев бил вработен во Институтот за политички науки во Белград, а во 2010 година ја добива и највисокота научна титула Научен советник (во ранг на редовен професор на Универзитетот во Белград).