Фото: Пиксабеј/IИлустрација

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната надзорна расправа за аерозагадувањето во Собранието, потенцираше дека годинава има план и државата е поподготвена да се справи со пожарите доколку ги има. Тој го нагласи дуализмот и неусогласеноста на командната политика при справување со пожарите помеѓу Дирекција за заштита и спасување и Центар за управување со кризи и тоа се менува

Во однос на штетите од шумски пожари и палење стрништа, Мицкоски рече дека лани, трите воздухоплови за гаснење на пожари биле приземјени, не биле сервисирани и немале употребна. Тој потсети дека се вратени пилотите кои заминале во пензија, но нагласи дека нема никаков официјален протокол за вертикалната оска на команда за справување со шумски пожари.

The Government is taking measures and steps to reduce air pollution, some can be immediately realized while others will take time, said Prime Minister Hristijan Mickoski at Parliament’s overs

-Како влада зададовме задача некаде од октомври почнеме процес на спојување на овие две институции во една и тоа е барање и на НАТО како реформа. Да знаеме која е таа институција која дојавува и се справува и има вертикална одговорност. Исто така општините, пожарникарите, но и доброволните друштва кои често пати се активираат и за тоа добиваат хонорари. Ако целиот овој систем функционира беспрекорно ние ќе немаме потреба од интервенција на МВР или војската. Нормално за време на сезона мора да знаеме кој се движи во шумите, да знаеме кои се луѓето и каде да има одговорност доколку се случи пожар. Оваа година ќе има забрана за движење во шуми и секој кој ќе сака да се движи, спортува, планинари ќе може да извади соодветна белешка – рече премиерот.

Зборувајќи за одговорноста на „Национални Шуми“ за патеките, премиерот укажа дека лани вработените биле демотивирани, бидејќи не зеле неколку плати, биле примени дрвосечачи кои не биле подготвени на работата која треба да ја вршат, немало нафта, но дека чекор по чекор е инвестирано. Мицкоски нагласи дека се вршат финални подготовки, има и тело кое го води потпретседателот на владата Љупчо Димовски, каде се соодветните министри и директори на институциите и институциите се поподготвени да интервенираме поорганизирано.

– Имаме план, точно ќе знаеме и кој е во шумите, ценам дека оваа година не би сакал да има пожари, но сме многу поподготвени- потенцираше премиерот Мицкоски, рече Мицкоски.

Во однос на влијанието на градежната прашина Мицкоски е јасен дека е потребно зголемување на дисциплината, пријавување до градежната инспекција.

– Тука единствен начин е да се зголеми дисциплината на тие коишто ја создаваат таа прашина. Тоа се најчесто компаниите коишто вршат градежни активности и мислам дека дисциплината не е на високо ниво- истакна Мицкоски и ги повика граѓаните да пријавуваат.

Петтиот ден од надзорната расправа на комисијата за здравство заврши, и ќе продолжи во наредниот период.