Фото: Влада

Владата ги предлага Илир Мемеди и Милан Кораќ за нови директори на М-НАВ во пакет со препораката за разрешување на Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски.

На денешната седница, на која како точка на дневен ред се најде состојбата во М-НАВ, не било предложено разрешување на членот на Управниот одбор и директор на М-НАВ, Хасим Деари.
Со смената на Фахрудин Хамиди, најавениот штрајк на контролорите на летање за утре, се става во мирување.
Овие промени доаѓаат по инцидентот во М-НАВ кога вработен со уште седум лица влегоа во институцијата и нападнаа друг вработен, по што реагираше и Основното јавно обвинителство.