Според првични резултати Илија Тентов, кандидат за градоначалник на Дојран од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, е нов градоначалник на Дојран по одржаниот втор круг од локалните избори во оваа општина.
Според партиски ивори, Тентов освоил околу 500 гласови повеќе од кандидадот на СДСМ и коалицијата, Ристо Џинев.
Тентов на неговиот Фејсбук профил се заблагодари за довербата од граѓаните.
-Оваа победа не е само моја – ова е победа на сите нас, на луѓето што веруваат во чесност, труд и подобро утре! – напиша Тентов.


































