Претседателот Стево Пендаровски денес е во Галичник. Тој е и покровител на Галичката свадба.
Дел од граѓаните присутни на манифестацијата го исвиркаа претседателот на државата, а тоа се гледа и на видеа кои вирално се шират на социјалните мрежи. Тие извикуваат: „Никогаш Северна, само Македонија“, „Уа, предавник“. Дел, пак, го пречекуваат со аплауз.