Апелот на родителите на малата Бела Кузев дека единствено со пaрична подршка од хуманите луѓе таа ќе може да добие нова шанса за поквалитетен живот и посреќно дејство предизвика во Кавадарци да се организираат низа настани од хуманитарен карактер со цел да се соберат средства за нејзиното лекување во Истражувачки центар во Мексико чија мисија е излекување на неизлечивите. Пследниот хуманитарен настан се одржа во саботата на 12 април во Куќата на мирис и вкус при Музеј-галерија во Кавадарци, каде беше организирана хуманитарна аукција на уметнички дела од 15 ликовни уметници за да се соберат средства за лекување на малата Бела.
Директорот на Музеј-галерија Јаким Зимовски изрази благодарност до ликовните уметници кои донираа свои дела и до сопствениците на приватни компании и фирми кои покажаа голема заинтересираност и учествуваа во надавањето и купувањето на делата. Меѓу имињата на ликовните уметници кои донира свои дела да ги споменеме: Павле Кузмановски, Гоце Божурски, Љубица Мешкова Солак, Диме Солак, Благојче Наумовски, Решат Амети, Ива Јосифова, Горан Боев, Владимир Темков, Марјан Стојановси како и Озбег Аљос и Славчо Петрески кои донираа скулптури како и други уметници. М.М.