Обвинителката од СЈО, Елизабета Јосифовска била повикана во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да даде исказ за случајот „Рекет“.
Јосифоска неодамна потврди дека била потпишана на документот за враќање на пасошот на бизнисменот Јордан Камчев, еден од првоосомничените во случајот „Империја“. Тогаш таа истакна дека одлуката за пасошот ја донела обвинителката Катица Јанева и како нејзина заменичка била должна да ја потпише.
Јосифовска нагласи и дека немала никакви сознанија за моќни криминални дејствија околу враќањето на пасошот на Камчев.