Неофицијално, денеска се очекува да се донесе одлука Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески, да ги преземе сите предмети на СЈО.
Во Министерството за правда денеска продолжуваат консултациите кои започнаа вчера, за предавање на предметите на СЈО во Јавното обвинителство, односно на Републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески. Се претпоставува дека денеска ќе се донесе одлука ЈО да ги преземе предметите од СЈО.
Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, изјави дека нема да влијае на преговарачкиот процес.