Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, го прекинал штрајкот со глад, објавуваат повеќе македонски медиуми.
Јанакиески штрајкуваше со глас две недели, по враќањето во притвор како осомничен во истрагата на Јавното обвинителство за продажба на државно градежно земјиште.
Според неофицијални информации, поранешниот министер писмено ја известил управата на затворот за својата одлука, откако лекарите го советувале да го прекине штрајкот.