Советот на јавните обвинители донесе заклучок дека барањето за декласификација на извештајот за поведената постапка за разрешување на Катица Јанева, кое е поднесено до Собранието, не го прифаќа. Во образложението пишува дека одлуката е таква бидејќи истрагата за Јанева е сè уште отворена и класифицирањето е за да се заштитат правата на лицата од извештајот.
– Извештајот за утврдена фактичка состојба, број 03-133/6 од 29.8.2019 година, поднесено до Собранието не може да се прифати со оглед дека Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција сè уште води истражна постапка за актуелниот предмет оформен против специјалната јавна обвинителка и од тие причини потребно е да се заштитат правата на лицата што се наведени во извештајот или да се спречи недозволено влијание во ова постапка – пишува во обрзложението на Советот.
Утре е закажана седница на собраниската Комисија за избори и именувања, која треба да одлучи што ќе прави по одлуката на Советот на јавните обвинители, да не го декласифицира извештајот за Јанева.