Шеесет и деветгодишна кавадарчанка починала синоќа поради труење, соопшти денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
– Синоќа околу 18 часот во ПС ОН Кавадарци од ЈЗУ Општа болница – Кавадарци, пријавено било дека била донесена жителка од Кавадарци со видливи знаци на труење. Поради сериозноста на здравствената состојба, жената била препратена во Клинички центар Скопје каде починала – појасни Додевски.