Шеест и двегодишен маж од Тетово, со иницијали И.И. синоќа бил приведен од страна на полицијата.
Како што јави МВР, тетовецот е приведен по пријава од страна на неговиот внук.
– А.И од Тетово пријавил дека во неговата куќа на улицата „Јане Сандански“ дошол неговиот чичко И.И со секира упатувајќи му закани по неговиот живот – велат од полицијата.
При обид да биде легитимиран од полициски службеници, приведениот одбивал и ги омаловажувал полициските службеници.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.