Автомобил „даеву матиз“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 22-годишник од Македонска Каменица излетал од патот меѓу Превалец и виничкото село Истибања, околу 2 часот и 30 минути по полноќ.
Како што информираат од МВР, во незгодата со тешки повреди се здобиле три сопатнички од Македонска Каменица – сите на возраст од 19 години, а четвртата сопатничка на возраст од 18 години била полесно повредена.
Тие биле пренесени во болницата во Кочани за укажување на лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од полициската станица во Виница.