Дваесет и седумгодишен тетовец е потешко повреден и пренесен на скопски клиники, а уште три други лица се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа што се случи попладневно на патот Гостивар-Кичево во близина на отворените каменоломи.
Според СВР Тетово сообраќајката се случила околу 18 часот при што дошло до судир на автомобил „опел астра“ со тетовски регистерски ознаки, што ја управувал К.С. (27) од Тетово и џип „киа“ со скопски ознаки што го управувал С.П. (54).
Повредените од несреќата биле пренесени во гостиварската општа болница, а заради тежината на повредите возачот на опелот бил пренесен на скопските клиники. На останатите три лица им се вршат прегледи и им се утврдува видот и тежината на повредите во гостиварската општа болница.
По краткиот прекин на сообраќајот, возилата се пропуштаат наизменично поради увидот што е во тек.